Утрински Весник
Свет

(Видео) Макрон положи заклетва, почнува втор мандат на чело на Франција

Eмануел Макрон положи заклетва на церемонија во Елисејската палата и со тоа го започна својот втор претседателски мандат на чело на Франција.

Макрон во вториот круг од изборите освои 58,55 отсто од гласовите, а неговата противкандидатка, лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен 41,45 отсто.

Во неговиот инаугуративен говор, по потпишувањето на заклетвата, Макрон вети дека во вториот мандат ќе изгради „планета што е посоодветна за живот“ и „посилна Франција“.

Макрон вети дека „ќе и служи на земјата, ќе му служи на францускиот народ и ќе им служи на младите“.

Можете да прочитате

Гренел до Вучиќ: Следете го американскиот пат

Макрон: Француската морнарница пресретнала танкер за нафта од Русија под сомнение дека пловел со лажно знаме

Трамп: Преговараме за целосен пристап до Гренланд