Утрински Весник
Свет

(Видео) Лукашенко со калашников и панцир пристигна во неговата резиденција

(Видео) Лукашенко со калашников и панцир пристигна во неговата резиденција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко пристигна со хеликоптер во неговата резиденција во Минск каде што се одржува протест на опозицијата, вооружен со автоматска пушка „калашников“ и панцир, јави ТАСС.

На социјалните медиуми објавена е снимка од Лукашенко додека се симнува од хеликоптерот.

Претходно дел од белоруските медиуми претпоставуваа дека со леталото ќе биде евакуиран Лекушанко, но ваквата информација беше демантирана од Кабинетот на претседателот.

Според објавите на социјалните мрежи на денешниот протест во Минск учествуваат повеќе од 250.000 луѓе, додека според проруските агенции бројот на демонстранти изнесува 70.000.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп