Утрински Весник
Економија

(Видео) Лукаревска: Почнува реализацијата на четвртиот пакет мерки

(Видео) Лукаревска: Почнува реализацијата на четвртиот пакет мерки

Со реализација на четвртиот пакет мерки за справување со последиците од коронакризата, 470 милиони евра, пари од Буџетот, како директна помош ќе завршат кај граѓаните и компаниите, изјави пратеничката Сања Лукаревска.

„Една од основните компоненти на четвртиот пакет мерки е зајакнување на приватната потрошувачка на граѓаните. Со новиот сет мерки, го надоградуваме успешниот проект за поват на ДДВ кон физички лица. Викендот меѓу 10 и 12 октовмри ќе биде викенд без ДДВ. 350.000 граѓани, веќе постоечки корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври можат да купуваат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари и во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ“, кажа Лукаревска.

Според проценките, додаде таа, преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.

Досега, рече Лукаревска, за една година преку оваа мерка веќе се вратени над 11 милиони евра кај граѓаните.

Исто така, кажа Лукаревска, со новиот пакет економски мерки, платежни картички со износ од 6.000 денари ќе добијат над 5.700 самохрани родители, над 180.000 пензионери со пензии до 15.000 денари,, невработени лица кои се пасивни баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници.

Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат и дополнителни 540 студенти, како и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи.

Лукаревска рече дека бкупно со оваа мерка се опфаќаат над 283.000 граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен