Утрински Весник
Магазин

(Видео) Култната серија „Зауздајте го вашиот ентузијазам“ се враќа во постпандемиски свет

(Видео) Култната серија „Зауздајте го вашиот ентузијазам“ се враќа во постпандемиски свет

Откако продукцијата беше одложена поради Ковид-19, Curb Your Enthusiasm („Зауздајте го вашиот ентузијазам“), култна ТВ-серија во која глуми комичарот Лери Дејвид како измислена верзија од него, се враќа во 11. сезона, сместена во свет каде пандемијата е историја.

На премиерата на серијата во Лос Анџелес во вторникот вечерта, комичарот роден во Бруклин, не откри ништо за дејствието на новата сезона.

„Навистина не можам да ви кажам многу. Се надевам дека ќе биде смешно и дека луѓето ќе уживаат“, изјави Дејвид за „Ројтерс“ откако продефилира на црвениот тепих во холивудското студио „Парамаунт“.

Хумористичната серија на „Ејч-би-о“, која освои Еми-награда, се фокусира на понижувањата на секојдневниот живот што го доживува често изнервираниот, но добронамерен лик на Дејвид.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 21 Септември 2026 година

Делегација од Струга во посета на Бурса – Разговори за нова соработка меѓу двата града

Изложба на колекционерски автомобилчиња во Куманово