Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: Профилот на Мицкоски нотиран како извор на лажни вести

(Видео) Кузеска: Профилот на Мицкоски нотиран како извор на лажни вести

Студија за Мапирање на лажните вести и дезинформации на Западниот Балкан на Европската Унија го нотира профилот на социјалните мрежи на Христијан Мицкоски како извор на дезинформации и лажни вести, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Во оваа студија, додаде таа, Мицкоски не е сам, друштво му прават и и неговиот ментор од Будимпешта, односно профилот на Никола Груевски како и неколку медиуми блиски до опозицијата.

„Со ова се потврдува она што јавноста одамна го знаеше. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се главните извори на лажни вести во државата. Само во последната недела Мицкоки и ВМРО-ДПМНЕ ширеа лажни вести, опасни тези со кои поттикнуваа омраза и поделби во јавноста. Мицкоски јавно велеше дека имал информации дека во Софија се распарчувала државата и оттогаш бега, не одговора на прашањата кој му ја дал инфомацијата и за која цел. Потоа велеа дека дека наводно повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Северна Македонија, замислете. беа демантирани од амбасадите на земјите кои ги спомнаа“, рече Кузеска.

Таа кажа дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ излажале дека немало доволно тестови за коронавирус, дека немало доволно заштитна опрема за здравствените работници, дека над 100.000 граѓани останале без работа поради коронакирзата.

„Сето тоа е лага до лага, фабрикувана во беиот дворец и пласирани преку медиумите под контроила на ВМРО-ДПМНЕ. Студијата на ЕУ е само уште едно демаскирање на лагите кои се произведуваат во белиот дворец, лаги на на штета на националните и на државните интереси, на штета на граѓаните. Токму тие медиуми, чии сопственици биле блиски до ВМРО-ДПМНЕ и кои претходно биле примарни извори на провладина пропаганда а сега купени од страна на унгарски државјани се споменати и во Студијата на ЕУ, каде се вели дека откако ВМРО-ДПМНЕ е во опозиција, овие медиуми се вмешани во бројни дезинформациски кампањи, не само за дискредитација на Владата, туку и за поткопување на Преспанскиот договор со Грција и другите евро-атлантски напори на земјата“, рече портпаролката на СДСМ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Левица: ДПМНЕ дрско го одби амандманот на Левица за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР