Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: Лагите на Данела Арсовска се разобличени

(Видео) Кузеска: Лагите на Данела Арсовска се разобличени
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Јавноста ја дозна вистината за кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и кадар на Груевски, Данела Арсовска. Сите нејзини лаги се целосно разобличени. Сѐ што сакаше да сокрие Арсовска излезе на виделина. Објавените документи покажуваат дека Данела Арсовска ги излажа граѓаните, таа поседува бугарско државјанство и бугарска лична карта, истакна на прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

Не е проблем тоа како се чувствува Арсовска, рече Кузеска, туку според неа, проблем е што ги гледа граѓаните во очи и ги лаже додека ја бара нивната доверба.

„Ако Арсовска се крие и лаже за вакви работи, за што се друго лаже? Овој нечесен, неодговорен однос е потценување на граѓаните и жителите на Скопје. Ваквото однесување е одлика на режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ чиј кадар и кандидат е и самата Данела Арсовска. За таквиот нечесен однос Арсовска ќе го добие одговорот од граѓаните на изборите во недела“, нагласи Кузеска.

Скопјанки и скопјани, вели Кузеска, нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Левица да го уништуваат градот.

„Граѓаните знаат дека со СДСМ се на сигурно, дека СДСМ е гарант дека градот и државата се на курсот на напредокот, на развојот, на интеграцијата и еднаквоста. Во недела граѓаните ќе донесат одлука Скопје да продолжи по исправниот пат на развојот и напредокот со Петре Шилегов. Во недела граѓаните ќе ги поразат остатоците од режимот поддржани од лажните левичари од Левица. Од гласот на граѓаните в недела зависи и мнозинството во градскиот совет“, потенцира портпаролката на СДСМ.

Додаде дека ништо не е завршено, а битката во Скопје е во недела по што како што дополни ќе се види кој има реално мнозинство.

„Сите независни листи, реалните гласови на граѓаните не можат да бидат надвор од Советот на Град Скопје, СДСМ ќе ги вклучи и нив“, истакна Кузеска.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен