Само една недела по посетата на Христијан Мицкоски на Унгарија, САД објавија дека неговиот шеф, Никола Груевски, е ставен на „црната листа“. Причините за оваа постапка од САД нашите граѓани многу добро ја знаат, тоа е вмешаност на Никола Груевски во корупција и криминал од невидени размери, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Како што рече таа, бројни судски предмети и принзанија на поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ тоа го потврдуваат, како „Твдрина“, „Титаник“…
„ Новина е можеби фирмата на Никола Груевски која треба да се утврди дали е поврзана со сомнителни финансирања по неговото бегство. Се ова се случува во време кога Мицкоски оди во посета на Унгарија а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се уште во Собранието ги блокираат законите за Академијата за судии и обвинители. Се противеа на Законот за јавно обвинителство, затоа го блокираа изборот на нов Јавен обвинител. Нема појасен заклучок. Во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е променето, тоа е истата криминална партија. Очигледно оваа партија со бел дворец ама со црна листа, се уште вистински е управувана од Никола Груевски. Оттука е молкот на Христијан Мицкоски.
Човекот кој не се извини ниту еднаш за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и неговите соработници, кој не побарал ниту еднаш одговорност од сите за кои има пресуди а се дел од неговата партија. Граѓаните знаат дека во времето кога се правени сите овие криминали, Христијан Мицкоски бил советник на Никола Груевски (2015-2016) а потоа и секретар на ВМРО-ДПМНЕ“ изјави Кузеска.
Таа порача дека Мицкоски треба да излезе пред граѓаните и да каже што знаел за, како што ги нарече матните зделки на Никола Груевски и зошто со години молчел.
„ Дали стравува дека и тој би можел да се најде на црната листа? Тоа треба да одговори самиот Мицкоски“ рече Кузеска.