Утрински Весник
Економија

(Видео) Кузеска: Инвестиција на ,,Лидл” од 300 милиони евра и отворање нови работни места

(Видео) Кузеска: Инвестиција на ,,Лидл” од 300 милиони евра и отворање нови работни места

Како дел од Интервентниот план на инвестиции во вредност од над осум милијарди евра кои треба да се реализираат во периодот 2021 – 2027 година, најавена е и голема странска инвестиција на „ЛИДЛ“ од Германија, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа рече дека е предвидено овој голем германски познат бренд да отвори неколку маркети во Скопје и уште во 7 други градови.

„ Вредноста на оваа инвестицијата е 300 милиони евра, а во тек се преговорите за точните локации кои ќе се отворат прво во Скопје. Со влезот на “Лидл” – познатиот синџир на маркети, ќе се поддржи и македонското земјоделство.

Обврска на инвеститорот “Лидл” е и откуп и продажба на домашни земјоделски, кондиторски и секаков вид на производи кои се компетитивни за сите маркети на „ЛИДЛ“ во југоисточна Европа. “Лидл” значи и отворање на нови работни места во Скопје и во повеќе градови во нашата држава“ истакна Кузеска.

Таа додаде дека следната голема инвестиција е домашна македонска за фабрика за производство на македонски челик со целосно еколошка документација и дополнително 50 мегавати фотонапонска електрана. Вредноста е 250 милиони евра и се работи за комплетно германска опрема со сите еколошки сертификати, нагласи таа.

Можете да прочитате

Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите

Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски