Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: Има три причини поради кои ВМРО-ДПМНЕ шири лаги за набавката на вакцините

(Видео) Кузеска: Следната година ќе има попис

Преку пласирање невистини и лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ и нивните курири, свесно и намерно го поткопуваат процесот за набавка на вакцини, обвини денеска портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, Мицкоски преку измислени конструкции се обидува да го деградира здравствениот систем.

„Во процесот на набавка на вакцините сè е законски и регуларно. Сметаме дека позадината на оваа нервоза во белиот дворец и параноично штанцање невистини се должи на три причини: серијата порази од граѓаните, внатрепартискиот судир во ВМРО-ДПМНЕ и правдата која е веќе тука“, нагласи партиската портпаролка.

Таа додаде и дека главен протагонист на овие, како што кажа, лажни вести за вакцините, покрај лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски е и Антонијо Милошоски, за кого вели дека е човек осуден и казнет во Германија за кривични дела.

„Нивните лаги, нивните деструктивни политики се провидни и беа казнети на изборите, а ќе бидат казнети и повторно“, порача Кузеска.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, уапсени две лица

Николоски: Во Вашингтон ги потврдивме добрите политички и економски врски меѓу Македонија и САД

Министерот Хоџа најави јавна расправа за новиот Закон за заштита на природата