Утрински Весник
Македонија

(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не се менува, останува заробена во режимска матрица

(Видео) Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не се менува, останува заробена во режимска матрица

ВМРО-ДПМНЕ не се менува. Останува иста, заробена во режимска и насилничка матрица и тоа го покажува на дело, обвини Боганка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Таа вели дека со навреди и обиди за физички напади, вчера претниците на ВМРО – ДПМНЕ се обиделе да ја блокираат Комисијата за образование наука и спорт.

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со закани пробаа да ги блокираат измените и дополнувањата на Законот за наставници и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за бирото за развој на образованието. ВМРО-ДПМНЕ се против над 4.700 наставници и стручни соработници во образованието да добијат трајно вработување. Тие се толку силно против ова трајно решение за наставниците и стручните соработници, што се спремни и со насилство да ги блокираат измените во Законот“, рече Кузеска.

Ниту една боја, додаде таа, не може да ги сокрие, ниту да го промени деструктивниот карактер на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски.

Можете да прочитате

Македонија под снег, започнаа пообилните врнежи

Забрана за тешки товарни возила на неколку превои

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!