Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костовски: Македонскиот јазик одекна во Брисел

Нека е честито почеток на преговори со Европската унија! Денеска е историски ден за Република Северна Македонија за сегашните и за идните генерации. По 17 години, конечно и повеќе од заслужено ги започнуваме преговорите за членство во ЕУ. Со одржувањето на првата меѓувладина конференција денеска во Брисел, започна преговорите со Унијата, изјави Мартин Костовски, пратеник од редовите на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Македонскиот јазик одекна во Брисел, македонскиот јазик влезе во ЕУ, додаде Костовски.

Не само што се говореше на македонски јазик, беше достапен на официјалниот канал на ЕУ и на сателитскиот сервис на ЕУ беше испишан како македонски јазик. Чист и без додавки. Преговорите ќе се водат на македонски јазик со чиста формулација, без дополнителни објаснувања, без фусноти и придавки, а по влезот во Унијата македонскиот јазик ќе стане рамноправен со останатите јазици на ЕУ“, нагласи Костовски.

Оценува дека ги заштитивме македонскиот јазик, идентитет и посебност и во ЕУ ќе се интегрираме како Македонци кои зборуваат македонски јазик.

„Со ова, пропаднаа во вода сите лаги што со месеци ги слушавме од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Денеска никаде го нема, ниту да се извини пред граѓаните ниту да честита за почеток на преговорите. На оние кои ги злоупотребија граѓаните нека им суди историјата. СДСМ како државотворна партија реализира уште една стратешка цел – преговори и членство во ЕУ за заштитен, потврден и загарантиран македонски идентитет“, рече Костовски.

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила