Додека институциите со сите свои капацитети се борат против пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски секојдневно се однесува деструктивно и го поткопува здравствениот систем, рече денеска на прес-конференција, пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски.
„Наместо конструктивност, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски дејствуваат опасно по јавното здравје. Во време на сериозна здравствена криза, Мицкоски организира јавни собири за спас на сопствената фотелја во белиот дворец, загрозувајќи го јавното здравје“, посочи претставникот на СДСМ.
Тој нагласи и дека членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Вело Марковски постојано ги оспорува мерките и шири непроверени информации со што ги поттикнува граѓаните да не ги почитуваат мерките и со тоа го поткопува здравствениот систем.
„Јавното здравје е заедничка одговорност. Секој од нас мора максимално да ги почитува мерките и задолженијата. Да носиме заштитна опрема на носот и устата, да не се групираме и да држиме дистанца“, повика Костовски.