Утрински Весник
Македонија

(Видео) Костадинов: СДСМ носи закони важни за граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ кочи и блокира

(Видео) Костадинов: СДСМ носи закони важни за граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ кочи и блокира

Вчера парламентарното мнозинството предводено од СДСМ донесе важни законски измени кои го подобруваат животот на граѓаните, порача портпаролот на владејачката партија, Костадин Костадинов.

„Ги усвоивме измените на Законот за работните односи со кое се носи можност жените да одат во пензија и со навршени 62 години возраст, а мажите со 64, а продолжување на работниот однос до 67 години, ќе има само за дефицитарните кадри во здравството и во високото образование.

Ги изгласавме измените на Законот за субвенциониран студентски оброк, со цел негова успешна имплементација во услови на пандемија. Преку овие измени на Законот се овозможува корисникот на субвенционирниот оброк да може да го оствари своето право кај секој трговец, а со овој закон 15 милиони евра ќе завршат кај околу 40.000 студенти.

Дел од Шар Планина станува Национален парк, со што државата го добива својот четврти национален парк“, посочи Костадинов.

Според партискиот портпарол, сите овие се мерки донесени во еден ден, а истите позитивно влијаат на квалитетот на живот на огромен број граѓани.

„А што во меѓувреме правеше ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашниот ден“, запраша Костадинов, кој потоа наброја некои од потезите на опозициската партија.

„Вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за усвојување на потребата од скратена постапка при носењето на Законот за додадена вредност и намалување на ДДВ за струја од 18 на 5 отсто.

Вчера ВМРО-ДПМНЕ продолжи да шири лажни вести за македонскиот јазик, иако и Владата и СДСМ секојдневно го повторуваат јасниот став дека за македонскиот јазик нема и нема да им никакви преговори.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вчера како во старите насилнички режимски времиња упадна на седница на Совет на општина Ѓорче Петров, во која и не живее со цел да ја прекине седницата и да предизвика скандал.

Ете тоа нуди ВМРО-ДПМНЕ, лажни вести, насилство, дејствување против интересите на граѓаните“, посочи Костадинов според кого огромна е разликата меѓу концептот на СДСМ кој води напред и концептот на ВМРО-ДПМНЕ кој ја враќа државата назад.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа