Утрински Весник
Свет

(Видео) Корона-забава во БиХ заврши со истрели од митралез

(Видео) Корона-забава во БиХ заврши со истрели од митралез

На местото Кадино Врело во БиХ дошло до пукање за време на корона-забава.

Според порталот „Кликс“, еден од присутните на забавата бил славеник, а се прославувал неговиот 18 роденден.

На видеото кое кружи на социјалните мрежи, може да се видите забава, музиката во живо се додека во еден момент во просторијата не влезе млад човек во црна облека и извика: „Исклучете ја музиката“.

Во рацете има и митралез, а веднаш по влегувањето во просторијата започнува да пука. Тука завршува снимката.

Истиот портал пренесува дека од полицијата потврдиле оти човекот е уапсен и дека никој не е повреден во инцидентот.

Можете да прочитате

Објавени повеќе разговори на Сијарто со Лавров како докази дека е во служба на Кремљ

Два кинески товарни брода минале низ Хормуз

Протече снимка од разговор меѓу министрите за надворешни работи на Унгарија и Русија