Утрински Весник
Македонија

Видео – конференциска размена на судски искуства меѓу правосудните органи на САД и РСМ

Видео – конференциска размена на судски искуства меѓу правосудните органи на САД и РСМ

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Судиите при Основниот кривичен суд Скопје учествуваа на online работилница за размена на судски искуства меѓу претставници на правосудните органи во Соединетите Американски држави и Северна Македонија на тема Водење на виртуелни рочишта, соопштија од ОС – Скопје.

Конференијата ја отвори Амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз, а своите искуства за организирање и придобивки од водење виртуелни рочишта во Флорида САД, со колегите од Кривичниот суд во Скопје, ги споделија судиите Лесли Р. Хофман, Ембри Ј.Кид и Пол Ј. Бајрон, и тоа на повеќе теми.

-Македонските искуства при претходна постапка и главна расправа, почитување на правата на обвинетите, правни и логистички пречки при виртуелни судења и адресирање на можни проблеми во жалбена постапка, сето тоа во контекст на организирање виртуелни, односно водење постапка преку телефонска или видео – конференциска врска, информираат од кривичен суд.

-Согласно препораките на Светската здравствена организација за заштита од ширење на вирусот КОВИД – 19, како и можноста за поголема ефикасност и економичност на постапките, искуствата на судиите од САД се од големо значење за судството во земјава за развој на нова платформа за судење, истакнуваат од ОС Скопје.

Од таму додаваат дека примената на виртуелните судења може да бидат практична алатка за редуцирањена времетраењето и трошоците во постапките, но воедно мора да овозможат доследно почитување правата и обврските на странките во постапкта.

Затоа со помош на меѓународните искуства, но и со одредени законски измени и дополнителни технички прилагодувања овие судења во иднина треба да станат пракса и во нашата земја, се вели во соопштението на судот. оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Не сум импресиониран од ова раководство на СДСМ

Мицкоски не бил импресоиниран од новото раководство на СДСМ

Ќе направиме се струјата да не поскапи, во најлош случај ќе биде за 3 отсто во третиот и четвртиот блок, вели премиерот