Утрински Весник
Култура

(Видео) Контроверзниот роман за Тито и Македонија распродаден за седум дена

(Видео) Контроверзниот роман за Тито и Македонија распродаден за седум дена

Добра вест е што денеска издавачот „Арс ламина“ го дистрибуира вториот тираж во книжарниците на literatura.mk.

Двата невидливи споја во „ТИТО мојот претпоследен херој“ – историјата со фикцијата и Тито со Македонија – се само две од нишките проткаени во ова необично дело, во кое главниот лик го толкува млад скопски лекар. Сосема неочекувано, името и презимето на главниот јунак Филип деновиве е најпребаруван поим на „Гугл“ и „Фејсбук“.

Романот е контроверзен по многу нешта: конфликтот меѓу авторот Зоран Спасов – Sоф и лекторката, конфликтот меѓу официјалната и онаа историја што е дел од приказната, меѓу левите и десните, меѓу комунистите и капиталистите… Сето ова надополнето со паралелата меѓу Тито како претпоследен и вистинскиот последeн херој го става овој роман на листата „морам да ги купам“ подароци за Нова година.

Двете интервјуа на авторот, со Јанко Илковски од „Јади бурек“ на ТВ „Сонце“ и со новинарот Христо Ивановски на ТВ „Алфа“, отворија неколку интересни теми: сите венчани и невенчани жени на Тито, македонското прашање и седумте сценарија по кои ние никогаш не би имале држава, најголемата љубов на Тито што ја закопал во својот двор, кој ја уништи идејата Македонија да излегува на Црното и на Егејското Море, „за“ и „против“ религијата, сите грешки и покајанија на Маршалот, како ги „превесла“ Черчил и Сталин, тајната на кутијата за чевли…

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“