Утрински Весник
Економија
Img 7972

(Видео) Колева: Силна финансиска помош во време на криза, 400 милиони евра за граѓаните и компаниите

(Видео) Колева: Силна финансиска помош во време на криза, 400 милиони евра за граѓаните и компаниите
300x250 opst2

Владата предводена од СДСМ во време на криза презема навремени и ефикасни мерки за поддршка на граѓаните и домашната економија. Пакетот од 26 мерки вредни 400 милиони евра е во насока на заштита на стандардот на граѓаните и помош на компаниите да ја задржат својата ликвидност и конкурентност. Благодарение на овие мерки, денес горивата во Северна Македонија се најевтини во регионот, изјави на денешната прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Таа додаде дека преку пакетот мерки веќе со мартовската пензија ќе започне исплатата на дополнителни 1.000 денари за пензионерите и таа ќе трае во следните три месеци.

Колева додаде дека освен за граѓаните, сериозна поддршка е предвидена и за домашните компании, особено преку Развојната банка како што се:

Субвенционирање на договорна каматна стапка по кредити дадени од комерцијалните банки на деловни субјекти кои ќе ја реинвестираат добивката за 2021 година, Финансиска поддршка преку директно кредитирање од Развојната Банка, Финансиска поддршка преку комерцијалните банки со бескаматни кредити за обртни средства., како и користење на Гарантниот фонд преку Развојната Банка на Северна Македонија.

СДСМ преку институциите што ги предводи продолжува со реализација на мерки и политики кои обезбедуваат повисок животен стандард за граѓаните и стабилна и развојна економија, изјави Колева.

Можете да прочитате

ЧОКОЛАДА И ШЕЌЕР – Сладок бизнис за крупен финансиски залак

ДДВ-то за нарачките до 22 евра од Тему било заради јакнење на македонската економија, велат од Финансии

Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности потпишаа Меморандум за соработка