Утрински Весник
Економија

(Видео) Колева: Буџетот за 2021 е фокусиран на капитални инвестиции и справување со здравствените и економски последици

(Видео) Колева: Буџетот за 2021 е фокусиран на капитални инвестиции и справување со здравствените и економски последици

Предлог буџетот за 2021 година доставен од Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев е во насока на постигнување напредок во исклучително тешки моменти за глобална економија, со фокус на здравствениот систем, капиталните инвестиции, како и системска функционалност и поддршка на веќе започнатите реформи, изјави Даниела Колева, пратеничка на СДСМ.

Доказ за тоа, додаде таа, е расходната страна од Буџетот која обезбедува поддршка на здравствениот сектор, односно заштита на здравјето на граѓаните, економско заздравување и овозможување на следен економски раст, поддршка на самата економија и зачувување на работните места, како и непречено финансирање на основните функции на државата.

„Со Буџетот за 2021 година, предвидуваме за 20 отсто повеќе средства за капитални инвестиции, за да придонесеме за поголем економски раст. Инвестициите во јавното здравство, во човечкиот капитал продолжуваат. Следната година предвидено е зголемување на платите за 10 отсто за сите здравствени работници“, рече Колева.

Пратеничката кажа дека за два и пол пати се зголемени капиталните инвестиции во образованието и деа со Буџетот за 2021 година се стимулираат нови инвестиции, поддршка на веќепосточеки комапнии, како и помош за отворање на нови работни места со што ја поттикнуваме конкурентноста и влијаеме на намлување на стапката на невработеност.

„Буџетот за 2021 година е во насока да одговори и на здравствените и на економските предизвици од коронакризата, но истовремено нуди можности за брз рестарт на македонската економија. Со него се обезбедува стабилизација на домашната економија и отвора перспективи за брзо враќање на претходните стапки на раст на БДП. Затоа е важно сите пратеници да го поддржат донесувањето на Буџетот за 2021 година за што побрзо да се надминат негативните последици од коронавирусот“, рече Колева.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен