Утрински Весник
Економија

(Видео) Ковачевски: Со нова инвестиција од 200 милиони евра стануваме крстосница на Балканот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска се обрати на настан по повод потпишување на договори за изградба на железничката пруга за прва и втора фаза на Коридор 8 и реконструкција на железничката пруга на Коридор 10.

dobivaj vesti na viber

На потпишувањето на договорите присуствуваа вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи министрите за финансии Фатмир Бесими и за транспорт и врски Благој Бочварски, како и претставници на компаниите „Саваж“, „Штрабаг“, „Ѓулермак“ и „МТВ“ и од Делегацијата на ЕУ и ЕБОР.

„Станува збор за инвестиција од 200 милиони евра во која се планирани ревитализација на Коридорот 8 на делницата Куманово – Бељаковце, делницата Бељаковце – Крива Паланка, како и ремонт на делницата Ногаевци – Неготино на Коридорот 10. Градежните зафати кои ја опфаќаат ревитализацијата покрај подобрување на техничките карактеристики на пругата, ќе обезбедат целосно модернизирање по европски стандарди преку изградба на нови мостови, поставување безбедносни бариери и заштита од врева и вибрации, поставување на нови сигнално сигурносни уреди, изградба на нови железнички станици, итн. Ова е последниот од неколкуте големи инфраструктурни проекти со кои се заокружува идејата за Северна Македонија како раскрсница на Балканот, а кој ќе овозможи регионално поврзување и интеграција на Република Северна Македонија во европските железнички коридори. Со оваа инфраструктурна инвестиција се отвораат и практично обезбедуваат нови пазари за домашните компании. Нашите компании полесно и побрзо ќе се поврзат со регионот и пошироко што отвора многу нови можности за просперитет и економски развој”, изјави премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека пред нас е уште еден доказ дека политиките на пријателство, добрососедство и соработка значат развој и поединечно за двете земји, но и за регионот. Кога постои волја, тие политики лесно и најпрактично се преточуваат во конкретни, реални и остварливи цели во интерес на граѓаните. Тоа е нашиот фокус и нашата заложба, да се поврзуваме со земјите од регионот на начин кој ќе овозможи просперитет за сите, а со кои граѓаните ќе бидат економски зајакнати. Регионалниот развој и соработка, како и досега останува наш приоритет.

„Оваа денешна инвестиција ќе придонесе овој партнерски однос да се продлабочи и развива. Граѓаните на Северна Македонија заслужуваат и очекуваат забрзан развој кој ќе обезбеди повисок стандард. Храбрите, тешки и патриотски одлуки кои ги донесовме, од денес се преточуваат во конкретни проекти кои ќе обезбедат севкупен развој. Она што е важно, е дека имаме јасна визија за иднината, ја движиме државата напред. Северна Македонија економски, политички, општествено ќе се развива, а денешните и идните генерации градиме демократско, европско општество во кое граѓаните ќе се економски напредни со подобрен квалитет на живот”, рече премиерот Ковачевски.

Можете да прочитате

Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите

Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски