Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски-Санчез: Шпанија е докажан поддржувач за евроинтеграциите на Македонија

Претседателот на Владата,  Димитар Ковачевски и шпанскиот премиер Педро Санчез Перез-Кастехон, денеска остварија тет-а-тет средба на која уште еднаш беше потврдено силното пријателство помеѓу Кралството Шпанија и нашата земја, кое понатаму ќе се продлабочува.

dobivaj vesti na viber

На средбата беше истакнато дека Шпанија е докажан поддржувач на Република Северна Македонија во нејзините евроинтегративни процеси, што е од исклучително значење за нашиот пат кон европското семејство.

Во срдечна и пријателска атмосфера беше оценето дека двете земји кои се и НАТО сојузнички, веќе три децении градат одлични билатерални односи и дека ваквите заложби ќе продолжат и понатаму.

Во рамки на првата официјална посета на премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон, делегациите од двете земји остварија и билатерална средба на која присуствуваа и првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Можете да прочитате

Богоев и уште тројца добија 30 дена притвор

Пијан со пиштол се обидел да ограби локал во Тетово, полицијата експресно го уапси

Хуманоста спаси живот: Успешно пресадено срце кај пациент во Македонија