Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски: Модифицираниот предлог е добра основа за разговори

Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со партнерите од владината коалиција рече дека модифицираниот предлог е добра основа за разговори.

„Во европскиот предлог имаме дефинирано позиции за јасно прифаќање на македонски јазик, како и тоа протоколот да не биде во преговарачката рамка.

„Преговарачкиот процес и меѓувладината конференција се инкорпорирани во предлогот. После оваа средба целиот предлог ќе биде објавен на веб страната на владата“, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека денешниот состанок е прв од низата консултативни средби со сите партнери.

„Позицијата во која денес се наоѓаме е далеку поповолна од претходно. За да изградиме заеднички став почнавме широк консултативен процес со опозицијата, граѓанскиот сектор и медумите“, истакна Ковачевски.

Можете да прочитате

Винарската визба „Тиквеш“ го одбележа Св. Трифун во знакот на одржливост и иновации во винската индустрија

Скопјанец ја тепал својата бремена партнерка

Возел без возачка, па полицијата во Кичево му го одзелa автомобилот