Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ковачевски и Петков со порака да се охрабри соработката во високото образование

(Видео) Ковачевски и Петков со порака да се охрабри соработката во високото образование
Dik 300x250 mk

Премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Кирил Петков, како дел од програмата на официјалната посета на македонската Влада, го посетија државниот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија.

„Највисоки претставници на Универзитетот ‘Св. Климент Охридски’ и на Економскиот факултет ги запознаа гостите со заедничката програма на Универзитетот Харвард од САД со софискиот државен универзитет, за магистерските студии на Економскиот факултет, на која гостин професор е и премиерот Петков“, се наведува во соопштението.

За време на посетата на универзитетот, премиерите Ковачевски и Петков оствариле куса средбата и со ректорот Анастас Герџиков, на која меѓудругото, станало збор и за заедничкиот интерес на двете влади да ја охрабрат комуникацијата и соработката меѓу државните универзитети во Северна Македонија и Бугарија.

Можете да прочитате

Министерство за здравство не знае колку лекари и медицински сестри фалат

Ако имаме покана нема да одбиеме, ДПА влегува во Влада?

Родителите од Кочани денеска на марш повторно побараа правда за своите деца