Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Ковачевски за „Еуроњуз“: Имаме стабилни економски политики и во време на кризи

(Видео) Ковачевски за „Еуроњуз“: Имаме стабилни економски политики и во време на кризи
300x250 opst2

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во интервју за европската телевизиска мрежа „Еуроњуз“ говореше за актуелни прашања, за одржувањето на економската стабилност во земјата и за напредокот и за стратегијата на Владата за полноправно членство во ЕУ, истакнувајќи ја новата енергија во дијалогот со Бугарија, која, како што рече, ќе помогне за совладување на предизвиците и започнување на преговорите со Европската Унија.

„Борбата против криминалот и корупцијата даде резултати со подобрување на нашата позиција во извештаите на Транспаренси интернешнл, сега станавме земја во која има демократски услови, додека во минатото имаше недостатоци во демократските процедури во земјава, и сме мошне среќни поради ова подобрување“, изјави премиерот Ковачевски за „Еуроњуз“.

Тој во интервјуто додаде дека макрофинансиската помош на Европската Унија помогна многу, не само од перспектива на чиста финансиска помош, туку и од аспект на продолжување со реформите коишто ги започнавме во областа на управувањето со јавните финансии и во другите области.

„Ова, исто така даде јасен сигнал до другите меѓународни финансиски институции и донатори со кои соработуваме, дека имаме стабилна економска политика во време на кризи“, оцени премиерот Ковачевски кој се осврна и на обезбедената редовна координација со институциите на ЕУ во насока на зајакнување на јавните институции со цел соодветно остварување на потребните реформи.

Премиерот Ковачевски за „Евроњуз“ повтори дека Северна Македонија има јасна стратешка цел да стане полноправна членка на евроатлантските асоцијации. Тој ги истакна придобивките од членството во НАТО како 30-та земја членка, и додаде дека новиот дијалог со неговиот бугарски колега Кирил Петков е со цел да се врати довербата меѓу двете земји за да се поттикне остварувањето на аспирацијата на земјата за членство во Европската Унија.

Можете да прочитате

Филипче: Мицкоски сака партиско судство, се заканува ама никој не му се плаши

Филипче: Минималната плата во Албанија ќе биде 520 евра, за Мицкоски и 400 евра биле многу

Полиција откри поголема количина дрога во скопско Ѓорче