Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

(Видео) Ковачевски: Електрична енергија за домаќинствата има, цената останува иста

(Видео) Ковачевски: Електрична енергија за домаќинствата има, цената останува иста
300x250 opst2

АД ЕСМ има стабилно производство на електрична енергија за домаќинствата и цената на струјата за домаќинствата нема да се менува, увери денеска генералниот директор на претпријатието, Васко Ковачевски.

„АД ЕСМ го засили ископот на јаглен во РЕК Битола и РЕК Осломеј заради стабилно производство на електрична енергија за домаќинставата и го оптимизира производството во хидроелектраните, гасната и ветерната електрана“, посочи тој.

Ковачевски нагласи дека компанијата во целост ги испорачува потребните количини електрична енергија кон универзалнот снабдувач за домаќинствата ЕВН Хоум.

„По одредени написи во дел од медиумите-уште еднаш потенцираме дека набавката на јаглен, која ја спроведуваме по препорака на Владата, а во соработка со стопанската комора, заради високите цени на берзите во регионот и во Европа, е исклучиво за потребите на отворениот пазар, односно стопанството и институциите, со цел тие да се снабдат со електрична енергија по цени пониски од моменталните цени на берзите“, објасни генералниот директор на АД ЕСМ.

Тој кажа и дека во текот на наредните денови ќе биде склучен договор за набавка на јаглен за РЕК Осломеј за негова континуирана работа од декември до април 2022 година.

За РЕК Битола, пак, повторно е распишан повик со цел да се добие поголема количина на јаглен, со поволна цена која ќе има економска оправданост.

„Истовремено, се прават координации со ТЕЦ Неготино за стартување на оваа термоелектрана и доколку се обезбеди мазут истата ќе се стави во функција. Потенцираме, електрична енергија за домаќинствата има, цената останува иста”, истакна Ковачевски.

Можете да прочитате

Филипче: 10.000 фирми не може да си повратат ДДВ, Владата го уништи стопанството

Индустриското прозиводство во првите осум месеци поголемо од лани за 2,2 отсто

Стејт департмент: Водењето бизнис во Северна Македонија е генерално лесно, главен предизвик е корупцијата