Утрински Весник
Магазин

(Видео) Кијану Ривс се враќа како Џон Вик во новиот тизер трејлер

Кијану Ривс ја репризира улогата на Џон Вик во претстојното продолжение на акциониот блокбастер.

dobivaj vesti na viber

Холивудскиот актер повторно ќе го глуми титуларниот убиец во четвртиот од серијалот за човекот кој тргнува во потера по луѓето што му го убија кучето, а сега фановите добија кус поглед на неговото големо враќање во новата промоција која го прикажува ликот како чекори низ снег, се среќава со лица во сенка, оди низ Париз, Франција, и поминува интензивна рутина на обука.

Додека се прикажува клипот, во позадина се слуша глас: „Дали си размислувал како ќе заврши ова?… Никој, дури ни ти, не можеш да ги убиеш сите“.

Во филмот се појавува и Лоренс Фишбрн кој се враќа како Бовери Кинг, додека Јан Мекшејн ја репризира својата улога како Винстон.

„Џон Вик: Поглавје 4“ треба да излезе во март 2023 година.

Новиот трејлер доаѓа откако продуцентот на акционата сага откри дека Џон Вик всушност требало да го глуми многу постар актер.

Според оригиналното сценарио, Вик бил 75-годишен маж, но улогата подоцна му била доделена на Кијану (57), кој стана голема ѕвезда на акциони филмови благодарение на „Матрикс“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста