Утрински Весник
Магазин

(Видео) Кијану Ривс на премиерата на „Матрикс: Воскреснувања“ во Торонто

(Видео) Кијану Ривс на премиерата на „Матрикс: Воскреснувања“ во Торонто

Киану Ривс се појави во елегантно издание на црвениот тепих на премиерата на „Матрикс: Воскреснувања“ во Торонто во театарот „Скотјабенк“ во четртокот.

Холивудскиот миленик (57) облече црн костум со сива вратоврска за дебито на најновиот филм од култната научнофантастична сага, која ги вклучува „Матрикс“ (1999), „Матрикс повторно вчитан“ (2003) и „Матрикс револуции“ од 2003 година.

Ривс ја повторува својата улога на ликот Нео и во четвртиот филм на режисерскиот двоец Лана и Лили Вачовски.

Тој во вторникот гостуваше во „Вечерно шоу со Стивен Колбер“, каде што рече дека при снимањето на најновиот филм, тој извел безброј акробации, како на пример скок од зграда висока 46 ката, со актерката Кери Ен Мос која се враќа во „Матрикс 4“ во ликот на Тринити.

Можете да прочитате

Хај Скардус – уникатно планинско доживување со балкански шарм и европско признание

Зошто некои луѓе не можат да се сетат што сонувале? Што би можело да стои зад овој феномен?

НЕБОТО СЕ ОТВОРА ПРЕД КРАЈОТ НА ГОДИНАТА – три хороскопски знаци влегуваат во период на пари и моќни нови почетоци