Утрински Весник
Свет

(Видео) Кинезите изгубија контрола над ракета, може да падне на населено место на Земјата

(Видео) Кинезите изгубија контрола над ракета, може да падне на населено место на Земјата

Кинеската ракета „Долг марш 5Б“ тешка 21 тон, лансирана минатиот четврток, паѓа неконтролирано и се очекува да се сруши на површината на Земјата во наредните денови. Експертите предупредуваат дека може да падне и врз населена област. Астронаутот Џонатан Мекдауел за „Спејсњуз“ изјави областа во која ракетата може да се сруши се протега северно од Њујорк преку Мадрид, Пекинг и сè до јужниот дел на Чиле и Велингтон на Нов Зеланд.

Иако поголемиот дел од ракетата од 30 метри ќе изгори кога ќе влезе во атмосферата, нејзините остатоци може да паднат на споменатата област, која е многу населена. Ракетата во моментов патува со брзина од околу шест километри во секунда, пишува „Дејли мејл“.

Кинезите веќе имаа тешкотии со споменатиот модел на ракетата за време на контролираниот пад на Земјата. Во мај 2020 година, ракетата се урна неконтролирано во морето во близина на Мавританија во Африка, додека нејзините остатоци летаа над Лос Анџелес и Њујорк.

Кина во четвртокот лансираше модул без екипаж, првиот од трите елементи на идната вселенска станица, што планира да го заврши до крајот на 2022 година, за што ќе бидат потребни десетина мисии. Модулот наречен „Тијанхе“ (Небесна хармонија) беше лансиран од најголемата кинеска ракета „Долг марш 5Б“ од центарот за лансирање во вселената Венчанг на тропскиот остров Хаинан.

„Тијанхе“ е една од трите главни компоненти на првиот вселенски екипаж развиен исклучиво од кинески експерти за разлика од единствената постојна втора единица од ваков вид – Меѓународната вселенска станица (ISS).

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња