Утрински Весник
Свет

(Видео) Ким го прослави роденденот на неговиот дедо, основачот на Северна Кореја

(Видео) Ким го прослави роденденот на неговиот дедо, основачот на Северна Кореја

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун му оддаде почит во мавзолејот на неговиот дедо Ким Ил Сунг денес, одбележувајќи го роденденот на основачот на државата, пренесе агенцијата КЦНА.

Ким и неговата сопруга Ри Сол-ју го следеа настапот и танцувањето во палатата на сонцето Кумсуман, каде што почиваат неговиот татко и дедо, објави „Ројтерс“.

„Кога заврши приредбата, публиката му наздрави на генералниот секретар, односно лидерот на севернокорејската Работничка партија, Ким Џонг-ун“, се наведува во извештајот.

Прескокнувањето на Ким за славење на роденденот на основачот на државата отвори простор за шпекулации за неговото здравје, а бројни непотврдени извори за неговата состојба изјавија дека тој е во животна опасност по операцијата.

Претходно овој месец, Северна Кореја соопшти дека нема да учествува на Олимписките игри во Токио поради загриженост за коронавирусот, што ги уништи надежите на Јужна Кореја дека игрите би можеле да бидат место за продолжување на мировните разговори.

Северна Кореја тврди дека немала случаи на коронавирус.

Можете да прочитате

Членот на израелскиот воен кабинет Ганц најави заминување од Владата ако до 8 јуни не биде усвоен новиот воен план

ИДФ апелира Палестинците од крајбрежните населби да се евакуираат во северниот дел на Газа

Шолц наместо во изборна кампања направи обиколка на поплавените региони во Германија