Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Канадските камионџии се собираат на протест поради задолжителната вакцинација – можни насилства и хаос

(Видео) Канадските камионџии се собираат на протест поради задолжителната вакцинација – можни насилства и хаос
Img 7972

Канадската полиција се подготвува за насилство пред утрешниот собир на камионџии во Отава на протест против задолжителната вакцинација.

Постои загриженост поради паралелните групи за кои разузнавачите сугерираат дека исто така ќе се појават на протестот.

Камионџиите протестираат против новото барање кога влегуваат во Канада да бидат целосно вакцинирани од 15 јануари. Америка го наметна истиот услов за камионџиите кои влегуваат во земјата.

Групата ја повикува канадската влада да ја прекине употребата на сертификати за вакцини, да се откажат казните поврзани со коронавирусот и да ги вратат вработените кои биле отпуштени поради кршење на правилата за ковид.

Канадската алијанса за камиони проценува дека околу 15 проценти од камионџиите во Канада – дури 16.000 – не се целосно вакцинирани.

Многумина со екстремно десничарски ставови се приклучија на протестот. На онлајн видео се гледа човек кој изразува надеж дека собирот ќе се претвори во канадски еквивалент на бунтот на 6 јануари 2021 година во американскиот Капитол од страна на поддржувачите на поранешниот претседател Доналд Трамп.

Доналд Трамп Јуниор во вторникот се појави на социјалните мрежи за да ги поддржи протестите на канадските возачи на камиони против „тиранијата“ и ги повика Американците да го следат нивниот пример.

На состанокот во Отава, полицијата откри дека се подготвуваат низа сценарија, вклучително и насилни протести. Полицијата соопшти дека се очекува да пристигнат меѓу 1.000 и 2.000 демонстранти, но велат дека ситуацијата се менува од час во час

Камионџиите пристигнуваат од различни делови на земјата, а на протестот во главниот град на Канада во сабота треба да се сретнат со противниците на задолжителната вакцинација.

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите