Утрински Весник
Македонија

(Видео) Каевски: Признанијата за „Титаник“ ги потврдија криминалот и изборните измами на ВМРО-ДПМНЕ

(Видео) Каевски: Признанијата за „Титаник“ ги потврдија криминалот и изборните измами на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска се потврди целата вистината за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ, преку признанија на некогашни високи функционери од оваа партија. Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска и Мартин Протоѓер признаа вина по обвиненијата во судскиот предмет „Титаник“. Денешното признание е потврда за целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, за сите изборни измами на режимот предводен од Никола Груевски, изјави Дарко Каевски, пратеник на СДСМ.

„ Злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на пари. Ова е показател како ВМРО-ДПМНЕ со години ја фалсификувало изборната волја и како биле злоупотребени парите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е злостронучко здружение!

Затоа во време на ВМРО-ДПМНЕ немаше пари за народот, затоа минималната плата беше на половина од сега, само 8.800 денари, затоа платите беа мизерни а граѓаните едвај преживуваа. Ова е причината и зошто ВМРО-ДПМНЕ овие денови отвораат теми кои немаат врска со реалноста. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат образ да зборуваат ниту за плати ниту за пензии“ рече Каевски.

Тој истакна дека тие треба да се извинат и да ги вратат парите, назад кај граѓаните.

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница