Утрински Весник
Свет

(Видео) Кадиров до Зеленски: Последен пат ве предупредувам, предајте се или сте во неволја

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров објави видео во кое се смее на изјавата на украинската страна дека наводно руската армија се повлекува во правец на Северодонецк.

Кадиров вети изненадување за украинската армија и му се обрати на Зеленски: „ Ве предупредувам за последен пат! Кренете ги рацете и излезете на плоштадот со зборовите „не пукајте во луѓето, се предавам“. Во спротивно, вие сте во неволја“, рече Кадиров.

Специјалната операција на руската армија во Украина денеска влезе во 102-от ден.

Руските војници продолжуваат да ги погодуваат позициите на украинската армија, системите за противвоздушна одбрана во текот на изминатиот ден соборија украински воен транспортен авион и 17 беспилотни летала, а уништено е и местото каде што беа распоредени странските платеници.

Можете да прочитате

Зеленски: Русија синоќа употреби околу 400 дронови и 18 ракети во Украина

Русија конфискувала имот вреден 50 милијарди долари од почетокот на војната во Украинаķ

Орбан: За мир во Украина потребна е средба меѓу Путин и Трамп