Утрински Весник
Свет

(Видео) Илјадници Руси на протести против војната

(Видео) Илјадници Руси на протести против војната
Dik 300x250 mk

Во родниот град на Владимир Путин, Санкт Петербург, ноќта по почетокот на руската инвазија беа организирани масовни протести против војната во Украина. На видеата објавени на социјалните мрежи се гледа толпа луѓе собрани во Санкт Петербург кои држат транспаренти против руската инвазија на Украина.

Повеќе од 1.500 луѓе беа приведени вчера во Русија на протести во 51 град низ земјата, од Владивосток до Москва, но протестите продолжуваат, соопшти групата ОВД-Инфо. Најмалку 378 демонстранти се приведени во Санкт Петербург. Стотици демонстранти се уапсени и во Москва, а пријавени се дури 660.

ОВД-Инфо наведува дека полицијата ги тепала демонстрантите, односно употребила сила.

Руските власти во четвртокот ги предупредија антивоените демонстранти да не се собираат откако претседателот Владимир Путин започна инвазија на Украина.

Истражниот комитет, владино тело кое ги истражува големите злосторства, ги предупреди Русите на правните последици од приклучувањето на незаконските протести поврзани со напнатата надворешнополитичка ситуација.

Руското Министерство за внатрешни работи соопшти дека ќе ги преземе сите неопходни мерки за да се обезбеди јавниот ред.

Можете да прочитате

Американската армија до своите војници во Германија: Побарајте помош од народните кујни

Каков имот има новиот градоначалник на Њујорк и колку ќе заработува?

Три жени уапсени за планирање терористички напад во Париз