Утрински Весник
Економија

(Видео) Илиеска: 2,2 милијарди евра изнесува новиот долг кој оваа Влада го создаде за само три години

(Видео) Илиеска: 2,2 милијарди евра изнесува новиот долг кој оваа Влада го создаде за само три години

2,2 милијарди евра изнесува новиот долг кој оваа Влада го создаде за само три години со променливите и ненавремени економски политики, истакна на денешната прес-конференција, Анастасија Илиеска од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, во претходните две години кумулираа 1,6 милијарди евра нов јавен долг кој ќе се зголеми со ново задолжување од 600 милиони евра за оваа година.

Покрај големата оптовареност за отплаќање на јавниот долг секојдневно, товарот создаден од неодговорните и неуспешни политики на оваа Влада, како што оценува таа, ќе го носат и идните генерации. Ваквото расипништво, вели, ќе не чини многу скапо уште многу години пред нас.

„Растот на јавниот долг секогаш треба да биде предмет на критика, но доколку споредуваме може лесно да се увиди кој какви политики спроведувал.Во период од 10 години кога мандатот го има ВМРО-ДПМНЕ јавниот долг беше зголемен за 2,9 милијарди евра во време на три кризи: светска финансиска криза, должничка криза во еврозоната и политичка криза. Сегашнава Влада остварува рекорди единствено во најлоши рејтинзи во економските извештаи и има катастрофални резултати во справување со кризни состојби. Од почетокот на оваа година до сега имаме дефицит на буџетот од 13 милијарди денари, кој за последниве 26 месеци вкупно изнесува 1,7 милијарди евра, што јасно покажува дека економската криза сериозно го руши економскиот стандард на граѓаните“, појасни Илиеска.

Дополнително, додаде дека инфлацијата и нискиот раст водат во ситуација на стагфлација.

„Агонијата во која се наоѓаме само ќе се продлабочува доколку не се преземат вистински, суштински мерки кои ќе донесат подобра состојба на државата и повисок животен стандард на граѓаните, но секако и на идните генерации. Единствен реален излез се брзи предвремени избори народот да избере начин за излез од кризата. Секој еден ден минат со СДСМ на власт чини повеќе од брзи предвремени парламентарни избори“, нагласи Илиеска.

Можете да прочитате

Николоски очекува раст на БДП од 3,7 проценти

Мицкоски: Најавувам 8 нови инвестиции за нови вработувања и посилен стандард

Советот на Народната банка го усвои најновиот Квартален извештај − најважните сегменти од економијата се во согласност со очекувањата