Утрински Весник
Свет

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви
Dik 300x250 mk

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина.

Авиони на израелското воено воздухопловство нападнаа магацин со пластика во провинцијата Латакија, пренесува сириската агенција САНА.

Сириските медиуми јавуваат за изјава на неименуван извор од сириската армија дека жртви на нападот биле цивили, вклучувајќи мајка и син.

Нападот утрово погоди локации во градовите Хафех и Масијаф во северозападна Сирија, но сириската противвоздушна одбрана возврати, се наведува во извештајот на АП, но без попрецизни информации и детали.

Сириските државни медиуми пренесоа зборови на неименуван извор дека, меѓу другото, била погодена фабрика за производство на пластика, како и дека сириската противвоздушна одбрана соборила неколку израелски ракети пред да стигнат до целите.

Ова е прв израелски напад врз Сирија, откако сириската армија ракетираше цели длабоко во израелската територија пред две недели.

Израел изврши стотици ракетни напади врз воени цели во Сирија поврзани со Иран во последните неколку години, но официјален Ерусалим ретко ги признава ваквите операции.

Можете да прочитате

Трамп ја исклучи можноста за кандидатура за потпретседател во 2028 година

Изненадувачки успех на Милеи на изборите за аргентинскиот Конгрес

Трамп: Путин треба да ја заврши војната во Украина, наместо што тестира ракети