Триесетгодишниот Иван од Македонија кој беше спасен по цели 20 часа борба со брановите на Халкидики, беше отпуштен од болницата во Солун.
Грчките лекари оценија дека тој е во одлична состојба и може да патува со членовите на семејството за да се врати во својата земја. Според информациите на protothema.gr , неколку часа пред да биде отпуштен од болницата, бил лекуван поради тешка дехидрација.
„Сакам да им се заблагодарам на луѓето кои учествуваа во моето спасување“, им рече 30-годишниот Иван на новинарите додека ја напушташе болницата. „Посебна благодарност до хеликоптерските екипажи и луѓето на чамците кои ме презедоа“, додаде тој.
https://www.youtube.com/watch?v=RDAXY_QG8aM
Иван нагласи дека не бил во вода 18 часа туку повеќе од 20 часа, додека на новинарите им кажа дека во следните денови ќе ги контактира и ќе разговара со нив.
Иван беше спасен благодарение на топка која испловила во морето до него, и за која се држел до пристигнувањето на спасувачките служби.