Утрински Весник
Македонија

(Видео) Зурли и тапани пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, симпатизерите радосни за изборниот резултат

(Видео) Зурли и тапани пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, симпатизерите радосни за изборниот резултат

Со зурли, тапани, гласна музика и пиротехнички средства, симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ слават пред централниот штаб во Скопје. Присутните се радуваат на изборниот резултат, кој според неофицијални информации, им донесе победа во дваесетина општини во првиот круг. Тие си честитаат меѓусебно, додека ечи музика. Освен тапани, тие слават и со факели.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ најави обраќање од седиштето, каде се очекува да каже неофицијални информации добиени од аналитичкиот штаб на партијата.

Во Велес, Штип и Свети Николе води ВМРО-ДПМНЕ, брифираат од партијата. Оттаму според нивните неофицијални информации посочуваат и дека имаат водство во Битола и Охрид, каде кандидатите биле на граница да освојат мандат во прв круг од локалните избори.

Меѓу скопските општини, од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека водат во Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром и Гази баба. Ова се информации од аналитичкиот штаб на партијата.

Државната изборна комисија и натаму ги собира информациите за гласањето.

Можете да прочитате

Уапсен охриѓанец оти истепал друг охриѓанец

Србин, Турчин и уште неколку лица од Скопје, меѓу кои и малолетници, уапсени за дрога

Преку Фејсбук повикувал на убиство на маж од Кочани – Доби кривична пријава од полицијата