Утрински Весник
Свет

(Видео) Зеленски: Украина ќе победи

(Видео) Зеленски: Украина ќе победи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави нова видео порака во која посочи дека Украина оди кон своја победа.

Според претседателот на Украина, Украина достигна стратешка пресвртница.

„Дојдовме до стратешка пресвртница. Веќе сме на пат кон победата“, рече Зеленски.

„Ние се бориме за нашата слобода веќе 16 дена. Ова е четири пати подолго отколку што непријателот планираше за неговата инвазија. Четири пати подолго. Против армијата која важеше за една од најсилните во светот. Која се надеваше дека Украинците ќе се предадат. “, додаде Зеленски.

Тој се осврна и на последната одлука на ЕУ: „Последните одлуки на ЕУ не се оние што се очекуваат во Киев“.

Можете да прочитате

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп

Зеленски: Тројца убиени и десетици ранети во рускиот напад со дронови и ракети врз Украина

САД нападнаа брод кој превезува дрога, објави Трамп