Утрински Весник
Македонија

(Видео) Зафировски: Владата на СДСМ, предводена од Зоран Заев и Венко Филипче е во нов поход по провизии

(Видео) Зафировски: Владата на СДСМ, предводена од  Зоран Заев и Венко Филипче е во нов поход по провизии

Владата на СДСМ, предводена од Зоран Заев и Венко Филипче е во нов поход по провизии, вели Оливер Зафировски, член на Комисијата за здравство при ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, за новиот клинички центар што го планираат немаат проект, освен физибилити студија од 30 страници, дали ова е покритие за кражба на народни пари.

За сето ова велат ќе потрошат нешто повеќе од половина милијарда евра, реагира Зафировски.

Тој потсети на случајот во Србија за каде како што рече есенва ќе има исто нов клинички центар, на површина од 86.000 метри квадратни, со 1.000 болнички кревети, со 20 операциони сали.

„Ама Србија за овој клинички центар ќе потроши не повеќе од 125 милиони евра. Огромна разлика за ист проект. Разлика од 400 милиони евра. Во Србија се планира и комплетна реконструкција на сите капацитети во Лесковац, во Врање, во Пирот, во Кикинда за да се намали притисокот врз клиничкиот центар во Белград и во Нови Сад. Значи она што го предлага ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е дисперзиран здравствен систем, веќе се прави во другите земји“, потенцира Зафировски.

Според него, Филипче и Заев како што додаде се грижат само за 400-те милиони евра кои треба да ги споделат со нивните бизнис партнери, а го обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ дека е против закон за нов клинички центар.

„Не се работи за закон за нов клинички, туку само за предлог закон за реализација на проект. Значи повторно само површни проекти, физибилити студии, а дотраениот и колабираниот клинички центар „Мајка Тереза“ е комплетно руниран и не ќе може да издржи уште една ваква или слична здравствена криза. Од сето ова јасно е дека се работи само за студии и измислени проекти кои никој пат нема да бидат реализирани. Затоа ВМРО-ДПМНЕ нема да ја дозволи оваа пљачка, истакна Зафировски.

Можете да прочитате

Петрушевски: Поднесените амандмани се популистички

Општина Струмица ѝ предаде објект на Фондацијата „Елеуса“

Никој не го отворил прашањето дека може без Албанците, вели Меџити за изјавата на Ахмети од Швајцарија