Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Застрелан вработен на бензиска пумпа во Германија оти побарал од муштерија да стави маска

(Видео) Застрелан вработен на бензиска пумпа во Германија оти побарал од муштерија да стави маска
300x250 opst2

Дваесетгодишен работник на бензинска пумпа во Германија бил застрелан откако побарал од клиент да стави маска на лицето.

Работникoт на бензинската пумпа во градот Идар-Оберштајн,  го загуби животот по расправија со клиент за мерките против коронавирусот, објави полицијата во понеделникот.

Според полицискиот извештај, осомничен е 49-годишен маж.

Се наведува дека човекот влегол во бензинската пумпа без маска за лице, а 20-годишниот работник го замолил да ги почитува мерките. Двајцата наводно се скарале, поради што човекот без маска си заминал.

Меѓутоа, тврди полицијата, мажот се вратил еден час подоцна. Овојпат носел маска, но ја симнал и двајцата мажи почнале нова расправија.

Осомничениот потоа извадил пиштол од џебот и го застрелал 20-годишникот во главата. По инцидентот, осомничениот побегнал пеш.

Полицијата набрзо пристигнала на местото на настанот и започнала потрага по човекот. Меѓутоа, следниот ден, 49-годишникот влегол во полициската станица и го признал делото.

Осомничениот, наводно, и рекол на полицијата дека е против ограничувачките мерки против коронавирусот и е многу вознемирен од ситуацијата со пандемијата на коронавирус.

Како што изјавил, се чувствувал како да бил турнат во ќор-сокак и „не видел друг излез“ освен да даде пример. Осомничениот ја сметал жртвата за „одговорна за целата ситуација, затоа што ги почитувала правилата“.

Градоначалникот на Идар-Оберштајн, Франк Фрухауф изрази шок и изненадување од злосторството.

„Ова е прилично незамислив, ужасен чин што се случи овде во Идар-Оберштајн. Такво злосторство е без преседан. Ќе ни треба време да се помириме со тоа“, рече тој.

Можете да прочитате

Јужноафриканскиот амбасадор во Франција пронајден мртов пред хотел во Париз

(Видео) Ураган ја поплави Ибица: Водата однесе автомобили, луѓето заробени во куќите

Трамп: Хамас има три или четири дена да одговори на понудата за мир во Газа