Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев: Со Законот за употреба на јазиците никој не загуби ништо

(Видео) Заев: Со Законот за употреба на јазиците никој не загуби ништо

Со носењето на Законот за употреба на јазиците, никој не загуби ништо, а со него се доби само повеќе единство и меѓусебно разбирање, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на трибина во Гостивар.

Тој кажа дека Гостивар е изворот на концептот едно општество за сите.

„Гостивар отсекогаш бил пример за мултиетничноста, пример на единство и сплотеност. Тоа е иднината, тоа единство и заедништво е единствениот исправен пат, модел кој може да на јакне и на економски план, и како народ и како држава и како луѓе. Тоа е единствениот модел кој може да им гарантира подобра иднина на нашите деца. Ви благодарам што верувате во тој концепт, ви благодарам што верувавте во овој концепт и кога многу други не веруваа“, порача Заев пред граѓаните на Гостивар.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: 24 месеци сме во служба на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за дипломатскиот преседан кој го направи Бугарија за да не си ги наруши личните релации со нив 

Сообраќајна незгода кај скопскиот аеродром – возилата се пренасочуваат по алтернативен правец