Утрински Весник
Македонија

(Видео) Заев од Делчево: Од 1 јануари, пензиите ќе растат заедно со растот на цените, но и со растот на платите

(Видео) Заев од Делчево: Од 1 јануари, пензиите ќе растат заедно со растот на цените, но и со растот на платите

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска од Делчево соопшти дека е донесена одлука за измена на методологијата за пресметка на пензиите, според која пензиите ќе растат не само според растот на цените на мало, туку и со растот на просечната плата.

„ Сакам да објавам дека од 1 јануари пензиите ќе растат согласно растот на цените на мало и согласно растот на просечните плати, односно секој 1 јануари и секој 1 јули ќе имаме видлив пораст раст на пензиите, истакна Заев.

Тој нагласи дека досега пензиите растеа само согласно растот на цените на мало.

„ Секаде во Европа, во државите кои направиле економска сигурност на својот пензиски фонд и на својот буџет е вграден и вториот механизам, а тоа е порастот на просечните плати, рече Заев.

Тој додаде дека кај нас просечните плати кај нас растеа 10 пати повеќе во проценти од растот на цените на мало.

„ Тоа ќе значи и видлив пораст на пензиите, рече Заев.

Ние градиме фер општество да им помогнеме на највозрасните граѓани на земјата, затоа што тие им помагаат на своите деца и внуци, парите ги трошат, а овие пари ќе бидат благодет за развој на севкупната економија во земјата, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев, од Делчево.

Можете да прочитате

Уапсени двајца крадци – оперирале низ продавници и маркети

Богородица пак ќе биде затворана од грчките земјоделци

Заев е за истрага, ментално лечење и превоспитување, напиша Латас за Заев и застана на страната на Груевски