Утрински Весник
Македонија
Img 7972

(Видео) Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ: Земјата се движи во вистинска насока

(Видео) Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ: Земјата се движи во вистинска насока
300x250 opst2

Премиерот Зоран Заев, синоќа, доцна попладне, во просториите на Владата беше домаќин на редовниот годишен состанок на амбасадорите од земјите членки на ЕУ во државава, на која биле разменети мислења за актуелните активности, со посебен акцент на процесот за интеграција на земјата во Европската Унија.

Како што информираат од владината прес-служба, премиерот истакнал дека очекува до крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата.

„Северна Македонија ги заврши своите домашни задачи и е целосно подготвена да ги започне преговорите со ЕУ“, нагласил Заев.

На состанокот со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, кои биле предводени од шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, се разговарало и за континуитетот во реформските процеси, во делот на правосудството, борбата против корупцијата како и реформите во јавната администрација.

Дополнително се разговарало и за пописот како клучна статистичка операција.

Можете да прочитате

Приведено лицето кое вчеравечер во Скопје физички и со нож нападна жител на Сопиште

ВЛЕН: ДУИ поттикнува тензии во кампањата, злоупотребува семејни трагедии

Мисајловски и генерал Лафчиски во „Криволак“ на артилериско гаѓање со системите „Боран“