Утрински Весник
Свет

(Видео) Загина авторот на карикатурата што ги налути муслиманите

(Видео) Загина авторот на карикатурата што ги налути муслиманите

Шведскиот уметник Ларс Вилкс, познат по карикатурата на пророкот Мухамед, која ја нацрта на телото на куче, загина во сообраќајна несреќа.

Наводно, Вилкс бил во цивилен полициски автомобил кој се судрил со камион во близина на градот Маркарид, на југот од Шведска.

Загинаа и двајца полицајци, а возачот на камионот е повреден, јави Би -Би -Си.

Вилкс е под полициска заштита од 2007 година, откако доби смртни закани поради карикатура на пророкот Мухамед. Полицијата соопшти дека засега не е јасно како дошло до судирот.

По објавувањето на карикатура на Мухамед, Ал Каеда во Ирак понуди награда од 100.000 долари за неговото убиство. Пред објавувањето на таа карикатура, Вилкс беше во голема мера непознат надвор од Шведска.

Во Шведска, тој беше најпознат по тоа што без дозвола изгради скулптура од дрво во природен резерват во јужна Шведска, што предизвика долг правен спор. Тој беше казнет, ​​но скулптурата на брегот – куп дрвја заковани на хаотичен начин – привлекува десетици илјади посетители годишно.

Можете да прочитате

Големи поплави во Шпанија, има и загинати

Трамп пред избори: Над 20 милиони пензионери ќе добијат 90 долари на своите сметки

Млада лаборантка почина од чума во Русија, речиси 200 лица под медицински надзор