Инстаграмерката Ана Арора се занимава со фитнес и во најновото од своите редовни видеа за вежбање го залуде интернетот правејќи склекови во венчаница.
Целосно нашминкана и „подготвена за венчавка“ , Ана Арора ги изненади своите 81,000 следачи на Инстаграм со видео во кое прави склекови во црвена индиска венчаница полна со украсен накит.
Во Индија, овој тип облека се нарекува лехенга и најчесто го носат жените на свадби.
Ана Арора редовно објавува видеа од нејзините вежби бидејќи се занимава со фитнес, диети и е личен тренер. Повеќето веројатно ќе полудат ако треба да вежбаат во оваа облека украсена со целиот накит кој веројатно е тежок. Таа успеа без проблеми.
Видеото наскоро се прошири и на други социјални мрежи.
Сега немате повеќе оправдувања за да не вежбате, коментираат медиуми кои го споделија видеото.