Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Ескалираа протестите во Париз, полицијата употреби солзавец

(Видео) Ескалираа протестите во Париз, полицијата употреби солзавец
Img 7972

Илјадници демонстранти се собраа на улиците на Париз во знак на протест против полициската бруталност и плановите на безбедносната политика на претседателот, Емануел Макрон.

Демонстрантите сметаат дека плановите за безбедносна политика ги поткопуваат граѓанските слободи.

Полицијата употреби солзавец на протестите додека демонстрантите испукаа пиротехнички средства во нивна насока, а група млади луѓе го искршија излогот на една продавница, пренесува „Ројтерс“.

Демонстрантите носеа транспаренти „Франција – земја на полициските права“ и „Повлечете го законот за безбедност“.

„Се повеќе се ограничуваат слободите, нема оправдување за такво нешто“, рече еден од учесниците на протестот.

На сличен протест минатата недела се случија насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Партијата на Макрон неделава објави дека ќе изврши измени во предложениот закон, со кој се ограничува споделувањето фотографии и снимки на полицајци, откако наиде на силно противење од јавноста и левицата.

Незадоволството во јавноста ескалираше кон крајот на ноември откако неколку полицајци претепаа музички продуцент роден во Африка, Мишел Зеклер, а граѓаните дознаа за инцидентот откако беше споделено видео на Интернет.

Критичарите велат дека законот би им овозможил на полициските службеници да ги злоупотребуваат своите овластувања. Многумина тврдат дека дури и изменетиот предлог-закон не претставува напредок во таа насока.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Фон дер Лајен: Не смееме да паднеме во стапицата на Путин за поделби во ЕУ

Орбан: Унгарија не треба да го воведе еврото, бидејќи ЕУ се распаѓа

Цената на златото достигна нов рекорд поради страв од американската „блокада“ на администрацијата и очекувањата за намалување на каматите