Утрински Весник
Свет

(Видео) Ерупцијата на вулканот во Исланд спектакл за туристите кои го опседнуваат островот

(Видео) Ерупцијата на вулканот во Исланд спектакл за туристите кои го опседнуваат островот

Денеска се навршуваат шест месеци од ерупцијата на вулканот што ги фасцинира набљудувачите во близина на главниот град на Исланд, Рејкјавик, јавуваат локалните медиуми.

Првата лава почна да излегува од кратерот на вулканот „Фаградалсфјал“ на 19 март оваа година.

Повеќемесечниот спектакл, кој варира од бавен проток на лава до подраматична ерупција на грутки, е голема туристичка атракција што досега привлече повеќе од 300.000 посетители.

Вулканот се наоѓа на полуостровот Рејкјанес, југозападно од главниот град. Тоа е шеста вулканска ерупција во Исланд во последните 20 години, но најдолга во половина век.

„Шест месеци е прилично долга ерупција“, вели вулканологот Торвалдур Тордарсон.

Сепак, количината на исфрлена лава досега, 143 милиони кубни метри, не е ни блиску до рекордот.

„Ерупцијата е посебна во однос на релативно бавниот и стабилен проток на лава“, објасни геофизичарот Халдор Геирсон.

Можете да прочитате

Трамп до Унгарците: На изборите гласајте за Виктор Орбан

Иран изврши напади врз четири држави

САД испраќаат елитни единици на Блискиот исток