Утрински Весник
Магазин

(Видео) Еми Росум елегантна на премиерата на „Анџелин“ во Лос Анџелес

Еми Росум беше главна дама на премиерата на „Анџелин“ (Angelyne) во Лос Анџелес во вторникот вечерта.

35-годишната актерка, која го глуми насловниот лик на серијата на „Пикок“, позира пред кадифена розова позадина во блескав црн фустан без прерамки со украси со скапоцени камења, и шлиц до бутовите.

Серијата ја следи истоимената русокоса бомба која се прослави во 1980-тите кога нејзиниот провокативен имиџ и култен мононим се појави на билбордите низ Лос Анџелес.

Медиумите потсетуваат на карактеристиките што ја дефинираа – естетика инспирирана од Барби, волуменозна руса коса, розова „корвета“ со меурчиња и обилна биста.

Но, Анџелин ќе остане своевидна енигма бидејќи иако е доследна на секси имиџот што го проектира, многу малку се знае за нејзиниот приватен живот.

Серијата од осум епизоди е лабаво базирана на напис на Гери Баум за „Холивуд репортер“ (2017), кој ги откри тајните на нејзиното потекло, вклучително и тоа дека е ќерка на преживеани од холокаустот, родени во Полска.

Angelyne ќе биде достапна во целост во четврток, 19 мај, на стриминг-услугата на Ен-би-си, „Пикок“.

Можете да прочитате

Зимски замор по празниците: кој додаток навистина му недостасува на телото во јануари?

Кардиолозите предупредуваат: оваа секојдневна храна тивко ги уништува артериите

Хороскопски знаци со најдлабока и најинтензивна интимна енергија