Утрински Весник
Свет

(Видео) Експлозија на бојлер во хемиска фабрика во Индија – има загинати и повредени

(Видео) Експлозија на бојлер во хемиска фабрика во Индија – има загинати и повредени

Во експлозија на бојлер во фабрика во источна Индија загинаа најмалку шест лица, а исто толку се повредени, соопшти денеска полицијата.

Спасувачите трагаат по работници кои се закопани во урнатините на фабриката, што произведува грицки во индустриска зона 95 километри северно од градот Патна во државата Бихар, објави АП.

Во тек е истрага за причините за експлозијата, изјави претставник на полицијата, додавајќи дека бројот на жртви најверојатно ќе се зголеми бидејќи четворица од повредените се во критична состојба.

Можете да прочитате

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик

Повеќе од 900 загинати и над 50.000 исчезнати во Венецуела