Утрински Весник
Култура

(Видео) Драмско читање на текстови од пет млади македонски драматурзи

(Видео) Драмско читање на текстови од пет млади македонски драматурзи
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во организација на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје деновиве беше реализиран проектот „Млада македонска драматургија“ – драмско читање на 5 драмски извадоци од пет млади македонски драматурзи: Стефан Марковски, Мона Паскалова, Марина Трајковска, Артин Селмани и Јован Саркањац.Во извадоците, кои беа читани од актерите Теоман Максут и Благица Димитровска, провејуваат урбани теми со различно обработени конфликти на релација машки-женски ликови.

Проектот беше реализиран во 2 фази, односно беа снимени видеа од настапот на актерите во просториите на Домот и од драмското читање од отворен тип реализирано преку Zoom.

Текстовите на Трајковска, Селмани, Саркањац, Паскалова и Марковски беа читани пред 2 години во Софија од поранешни или актуелни студенти на НАТФИЗ, а целиот настан беше проследен со голем интерес од софиската публика.
Секој од петте текста одразува длабоко лична авторска драмска поетика, но она што ги поврзува во единство е нивната урбаност и разработена психологија, односно развојност на конфликтите кои во сите 5 случаи се врзуваат за машко-женските контрастно поставени светови, љубовните триаголници, длабински понирајќи до суштествената дихотомија во перцепциите за Ерос и Танатос.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“