Утрински Весник
Свет

(ВИДЕО) Драматично во српските болници поради состојбата со коронавирусот

(ВИДЕО) Драматично во српските болници поради состојбата со коронавирусот

Драматично е во српските болници, пренесуваат медиумите во регионот.

Според написите, иако пациентите заразени со коронавирус се јавуваат навреме, клиничките слики се тешки. Дневно има од 4.000 до 5.000 нови заразени со коронавирусот.

Ходници полни со мртви во црни кеси, голем број на интубирани пациенти, пациенти кои се борат за здив во интензивна, тешка, драматична клиничка слика, лекари постојано на нозе. Oва се сликите што утрово од црвената зона во Батајница ги пренесува репортер на ТВ Прва. Репортерот беше во црвената зона, каде разговараше со директорката на болницата, Татјана Аџиќ.

„Оваа слика никогаш не е видена од отворањето на болницата. Она што најмногу ме плаши е што во моментот, сликата што ја гледаме тука изгледа како онаа што ја видовме пред една година од Италија, пострашното сценарио што беше во Италија “, рече д-р Аџиќ.

Таа додаде дека текот на болеста е тежок и непредвидлив. Она што го видовме е неверојатна тромбоза, од една страна генерализирана од глава до пети. Луѓето остануваат без раце, без нозе. Вирусот е непознат, недефиниран. Не поминува ден кога барем еден не е опериран поради тромбоза, рече д-р Аџиќ.

Во Србија 16 отсто од населението е вакцинирано, а се планира до крајот на овој месец да бидат имунизирани 40 отсто од српските граѓани.

Дел од рестриктивните мерки се олабавени.

Можете да прочитате

На Германија ќе и требаат дополнителни 288.000 странски работници секоја година до 2040

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња